• понеделник, 23 декември 2024

Со изведување дополнителни докази продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“

Со изведување дополнителни докази продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“
Скопје, 26 јануари 2021 (МИА) - Со изведување на дополнителни докази денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продложи судскиот предметот „Таргет-Тврдина“. Обвинителството и одбраната, на минатото рочиште изнесоа предлози за дополнителни докази кои произлегуваат од главната расправа, а кои Судот ги прифати. Одбраната предложи како дополнителен доказ вештакот Ѕвонко Кочовски да даде вештачење колкава е вредноста на системот за следење на комуникации на денот на неговото уништување. Како што појаснија од Обвинителството,  за доказната постапка тие предложиле Кочовски да го изврши истото вештачење, но бидејќи во тој дел од процесот неговата лиценца за вештачење била истечена, Судот не го одобрил. Поради продолжување на неговата лиценца, Судот во овој дел од процесот го прифати предложеното од страна на Обвинителството. Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година. оџ/аа/

Остани поврзан