• понеделник, 23 декември 2024

Со „Елементарни Честитки“ од Мајкл Уелбек, затворено 18.издание на МТФ Скупифестивал 2024

Со „Елементарни Честитки“ од Мајкл Уелбек, затворено 18.издание на МТФ Скупифестивал 2024

Скопје, 20 октомври 2024 (МИА) - Синоќа на сцената на Албанскиот театар во Скопје беше затворено 18-то издание на МТФ Скупифестивал, а во програма беше и се прикажа „Елементарни Честитки“ од Мајкл Уелбек, во режија и драматизација на Крис Шарков, играат: Теодора Духовникова, Жаклин Даскалова, Димитар Николлов, Мартин Димитров, Елена Иванова, Славена Зајкова, Дарина Радева.  Продукција на Народен Tеатар Иван Вазов, Софија, Бугарија.

- За Елементарните честички на Мишел Велбек, важат сите синоними на зборот пркосен. Романот, кој му донесе светска слава, на провокативен, смел, арогантен, дури и навредлив начин ги открива проблемите на современото европско општество. Преку фасцинантните приказни на двајца браќа - пропаднат писател и светски признат научник-биолог, зборуваме за љубовта во ерата на супер-технологијата. Прашањата се поставуваат со смелост, но и со идеалистички поглед на иднината на народот.Предизвик е да се донесе на сцена роман толку важен за разбирање на процесите на новото време. Ироничен и парадоксално лирски е пристапот на тимот, кој одговара на разбирањето на авторот. Осуден да живее, човекот лесно раскинува со минатото и само учи да ги препознава звуците на иднината.Претставата е општествена дистопија која се прашува дали во еден дехуманизиран свет човекот ја задржува својата способност да сака. Одговорот се бара со патување наназад и напред во времето. Носители се драматургот,режисерот и актерите, а за кои авторот Велбек е важен водич во разбирањето на новата парадигма, соопштија од МТФ Скупифестивал.

Жирито составено од : театарската критичарка Хандан Салта од Турција, актерката Дрита Каба Карага и Кети Дончевска Илиќ од Македонија, ја додели оваа награда за најдобра престава на фестивалот “1984” од авторот Џорџ Орвел во режија Игор Менџиски,  а во продукција на Косовскиот национален театар од Приштина.

Специјалната награда  „Луран Ахмети” жирито го даде за актерките Селма Алиспахиќ и Хелена Вуковиќ од преставата „Гидионов Јазол”, автор Џона Адамс, режија Селма Алиспахиќ во продукција на Интремецо и фестивалот МЕСС Сараево, Босна и Херцеговина.

МТФ Скупифестивал ја даде и специјалната награда за најдобра режија за преставата „Елементарни Честички” од Мишел Уелбек, режија Крис Шарков, од националниот бугарскии театар Иван Вазов од Софиа.

Во програмата Скупифестивал се одигра и претставата „Деца од Прашина”, од независниот театар цие. Toula Limnaios од Берлин, Германија, се прикажа монодрамата  „Нижински“ од L'Amphitheater & Oh DA! Букурешт, Романија.

И оваа едиција Скупифестивал имаше во програмата и театарска работилница, со режисерката Сенем Џехвер од Турција, главна тема на оваа работилница беше интерпретација со маски.

И оваа година МТФ Скупифестивал беше поддржан од Министерството за култура,  Бугарскиот Културен  Информативен  Центар  во Скопје, Гете Институт, Телеком на Македонија, весникот КОХА, телевизија АлсатМ и радио телевизија на Македонија.

МТФ Скупифестивал: директор Музбајдин Ќамили - Мучи, претседател на уметнички совет Сенко Велинов, уметнички директор Осман Ахмети, членови Куштрим Бектеши, Бетим Зеќири, координатор Џанер Мусиќ, дизајн на Егра. цр/

Фото: МТФ Скупифестивал

 

 

 

Остани поврзан