Со донација на иселеници саат кула џамијата „Вехби Дибра“ во Дебар доби нови прозорци
- Со донација на дебарски иселеници, кои живеат и работат во Италија, саат кула џамијата „Вехби Дибра“ доби нови прозорци.
Дебар, 19 декември 2025 (МИА) - Со донација на дебарски иселеници, кои живеат и работат во Италија, саат кула џамијата „Вехби Дибра“ доби нови прозорци.
- Оваа инвестиција во износ од 17.500 евра е од браќата Ндерим и Дрилон Фејско, наши сограѓани, кои живеат и работат во Италија. Таа е значајна инвестиција за духот, културата и семејната традиција. Помага да се олесни богослужбата, како и во убавината на овој објект, каде што верникот наоѓа одмор, спокојство и свое морално и духовно формирање, објавија од дебарското муфтиство.
Изразуваат голема благодарност до браќата Фејско со желби за здравје, среќа и успех на нивните семејства.
Дебарските иселеници, кои редовно донираат средства во повеќе сектори, главно здравството и реконструкција на повеќе верски објекти - џамии, неодамна финансираа поставување електронски екрани во сите џамите во градот.
На овие екрани се прикажува исламскиот календар за времето на молитва, како и кратки и корисни пораки за верниците, со што информациите се подостапни и поредовни за сите. Донацијата ја вклучуваше и целата помошна опрема, како и посебна програма дизајнирана специјално за потребите на џамиите во Дебар.
Под надлежност на дебарското муфтиство се општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуша. Има шеесеттина џамии, од нив 7 се во градот. вт/
Фото: Дебарско муфтиство