Со доградбата на училиштето, се укинува третата смена во ООУ „Лазо Ангеловски“
- Со добра динамика се одвива доградбата на училиштето во рамките на ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче. Ова денеска го констатира градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, при увидо
Скопје, 17 март 2021 (МИА) – Со добра динамика се одвива доградбата на училиштето во рамките на ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, при увидот во градежните активности.
-Изградбата на новите училници е од исклучителна важност за учениците, бидејќи не само што ќе се прошири капацитетот на училиштето туку и ќе се реши деценискиот проблем, а тоа е укинувањето на третата смена, изјави градоначалникот Марин.
Од општината информираат дека проектот предвидува изградба на приземје и кат со вкупна површина од 390 м2, хол, канцеларии и санитарни јазли, што ќе бидат поврзани со веќе постојниот објект на училиштето.
Потсетуваат дека Општина Аеродром континуирано вложува во подобрувањето на условите во образованието и во иднината на најмладите.фф/са/