Со два проекти Македонска Каменица аплицираше по повикот за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер
- Општина Македонска Каменица со два проекти аплицираше на јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер кој што е наменет за единиците на локална самоуправа. Градоначалникот на оваа општина Димчо Атанасовски информираше дека се работи за проекти од огромно значење на самите жители.
Македонска Каменица, 13 септември 2024 (МИА) - Општина Македонска Каменица со два проекти аплицираше на јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер кој што е наменет за единиците на локална самоуправа. Градоначалникот на оваа општина Димчо Атанасовски информираше дека се работи за проекти од огромно значење на самите жители.
-Во текот на вчерашниот ден, до Министерството за локална самоуправа ги доставивме проектите за финансиска поддршка од Владата. Општина Македонска Каменица аплицираше со проектите: Изградба на улица Питу Гули и Целосна реконструкција на дел од главен пат до Ситновско маало во Стара Каменица, истакна Атанасовски
Оваа поддршка, за локалната самоуправа како што додаде ќе овозможи реализација на проекти со кои ќе бидат задоволени елементарни потреби на граѓаните.
-Нашето работење го насочуваме кон подобрување на локалната инфраструктура со спроведување на проекти кои имаат позитивно влијание и значење за целата локална заедница. Однапред изразувам јавна благодарност до премиерот, Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински кои даваат силна поддршка за единиците на локалната самоуправа, додаде Атанасовски.
Изградбата на овие две улици според него, ќе биде и исполнување на барањата на жителите од споменатите населени места, кои ќе добијат подобра сообраќајна комуникација со останатиот дел од градот. вс/дма/
Фото: Димчо Атанасовски -градоначалник на М.Каменица