Со вечерна богослужба во манастирот Успение на Пресвета Богородица започнува одбележувањето на големиот христијански празник
- Во пресрет на утрешниот празник Успение на Пресвета Богородица во истоимениот манастир кај Матка во 18:30 часот ќе се одржи вечерна богослужба, а потоа во 22:45 часот ќе започне сеноќното бдение.
Скопје, 27 август 2025 (МИА) - Во пресрет на утрешниот празник Успение на Пресвета Богородица во истоимениот манастир кај Матка во 18:30 часот ќе се одржи вечерна богослужба, а во 22:45 часот ќе започне сеноќното бдение.
Утре, на самиот празник Успение на Пресвета Богородица во 8:30 часот ќе започне светата божествена литургија, која поради големиот број верници ќе биде во дворот на манастирот.

Традиционално во манастирот на празникот се одржува и крводарителска акција, како и сенароден собир, на кој се дели празничен ручек. ев/са/
ФОТО: Архива