Со асфалтирање заврши реконструкцијата на улицата „Ацо Шопов“ во населбата Чашка
- Општина Чашка заврши со градежните активности на улица „Ацо Шопов“ во населбата Чашка, проект во чии рамки е изградена атмосферска канализација, тротоари, асфалтирање и поставување на собраќајна сигнализација, со вкупна должина од околу 850 метри, информира градоначалникот Горан Стојановски.
Велес, 19 октомври 2023 (МИА) - Општина Чашка заврши со градежните активности на улица „Ацо Шопов“ во населбата Чашка, проект во чии рамки е изградена атмосферска канализација, тротоари, асфалтирање и поставување на собраќајна сигнализација, со вкупна должина од околу 850 метри, информира градоначалникот Горан Стојановски.
Тој појасни дека вредноста на овој проект согласно тендерската постапка на проектна единица при Министерството за транспорт и врски е околу 9,7 милиони денари.
Изведувач на работите беше фирмата „Градба Промет“ од Кавадрци.
- Со овој проект обезбедуваме квалитетна инфраструктура за жителите од ова населено место а со ваквите градежни проекти продолжуваме континуирано и во другите населени места во општината, најави градоначалникот Стојановски. ад/цр
Фото:Општина Чашка