• недела, 22 декември 2024

Социјалистичката партија на Македонија го честита Денот на македонската револуционерна борба

Социјалистичката партија на Македонија го честита Денот на македонската револуционерна борба
Скопје, 23 октомври 2022 Денот на основањето на македонската револуционерна организација е пресвртницата со која започна долгиот пат за создавање на независна македонска држава, искрата од која се роди денешното македонско Сонце! Благодарение на свеста и визијата на тогашните напредни македонски интелектуалци, угледни луѓе и социјалисти за слобода, човечко достоинство и за правда, се поставија основите за почеток на револуционерната борба. За прв пат се обединија прогресивните сили во заедничкиот стремеж за остварување на националните и социјални идеали. Основната карактеристика за македонската револуционерна организација, и покрај различниот пристап, концепт или идеолошко сфаќање, секогаш била само една и единствена заедничка идеја-Македонија слободна и независна. Затоа и денес, врз основа на актуелните состојби во Република Македонија, проследени со внатрешни подделби и изневерувања, Социјалистичката партија на Македонија смета дека македонскиот народ историски е вратен повеќе од стотина години наназад, во времето на жестоката борба за национално ослободување и осамостојување, кога токму Организацијата била единствената форма на делување во заштита на народот и на македонските интереси. Оттаму денес Социјалистичката партија на Македонија укажува на поуката од величината на денешниот ден дека без оглед на вера, етникум, идеологија, партиска или било каква определба потребно е обединување околу идејата за Македонија како демократска, развиена, напредна и просперитетна Република на сите граѓани. Социјалистичката партија на Македонија повикува на надминување на предизвиците на современото време, на мир, трезвеност, спокој, разум, љубов и на грижа кон државата. Но, меѓусебните судири и длабоки недоразбирања да ги надминеме со премостување на разликите и во поднесувањето на одговорноста за изневерувањата пред македонскиот народ. Само во такви услови ќе можеме да продолжиме да градиме иднина, инспирирани од родољубието, пожртвуваноста и од хероизмот на нашите револуционери. Нека е вековит 23 Октомври, Денот на револуционерната борба! Да живее Македонија! Социјалистичка партија на Македонија ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан