• понеделник, 09 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Состанок на Централното претседателство на БЕСА

Состанок на Централното претседателство на БЕСА
28 октомври 2022  Движењето БЕСА вечерва во Струга го одржа редовниот состанок на Централното претседателство на кое се дебатираше за важните политички процеси во државата. На овој состанок најпрвин се разговараше за политичките актуелности во земјава, со посебен акцент за најавените уставни измени. Централното претседателство уште еднаш го реафирмира ставот на Движењето БЕСА дека треба да се промени уставот и да се отстрани понижувачкиот термин „20%“ и да се замени со албански јазик. Друга тема на дискусија беше евроинтегративниот процес на земјата, каде што Движењето БЕСА е посветено максимално да се деблокира интегративниот процес и да се забрза членството, бидејќи Северна Македонија нема друга алтернатива освен да се приклучи на големото европско семејство и да ги прифати неговите вредности а со посебен акцент на реформите во судслата власт како и борбата против криминалот и корупцијата. Движење БЕСА ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан