• петок, 22 ноември 2024

Состанок на ОБСЕ тројката во рамки на Преспа форумот за дијалог

Состанок на ОБСЕ тројката во рамки на Преспа форумот за дијалог

Скопје, 16 јуни 2022 (МИА) - На маргините на овогодишниот Преспа форум за дијалог денеска се одржа состанок на Тројката претседавачи со ОБСЕ: министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, и во име на шведската министерка за надворешни работи, амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтсон. На состанокот учествуваше и генералната секретарка на организацијата, Хелга Шмит.

-На состанокот се разговараше за актуелните безбедносни ризици со кои се соочува регионот на ОБСЕ и улогата на Организацијата во справување со истите. Притоа, актуелниот претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Полска Збигњев Рау информираше за нивното досегашно искуство во дадениот контекст и предизвиците со кои се соочуваат во имплементацијата на нивната агенда, соопшти Министерството за надворешни работи.

 Министерот Османи, дополнуваат од МНР, истакна дека почитувањето на заеднички утврдените принципи и заложби на Организацијата не смеат да биде доведени во прашање и оти Тројката на ОБСЕ активно ќе работи на нивна заштита и промоција.

 На состанокот беше усвоена и заедничка изјава со која меѓу другото беше реафирмирана осуда на агресијата од страна на Руската федерација врз Украина и беше упатен повик за итна деескалација.лв/

Остани поврзан