• понеделник, 23 декември 2024

„Соседска патрола” синоќа во Кисела Вода

„Соседска патрола” синоќа во Кисела Вода

Скопје, 27 јули 2023 ( МИА) -  Градонaчалникот, Орце Ѓорѓиевски заедно со инспектори од СВР и со командирот на ПСОН Кисела Вода, вчеравечер извршија обиколка на повеќе локации каде што се собираат  млади лица во доцните часови, паркови, дворовите на  училиштата, градинките, кафулињата, како и на места во кој е нарушен јавниот ред и мир.

-Со лицата кои беа затекнати на посетените локации се разговараше и им беа објаснети законските правила и прописи за превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања и безбедноста на граѓаните, информираат од Општина Кисела Вода.

Вчерашната мешана патрола уследи по одржаниот втор локален совет за превенција на општината, како што појаснија, беа дефинирани повеќе чекори во насока на обезбедување на безбедни услови за жителите на општината. Меѓуинституционалната соработка, која е клучна за сигурноста на граѓаните во нивните населени места ќе продолжи и во наредниот период преку вакви и слични акции. љм/ац/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан