• среда, 14 јануари 2026

Соренсен во посета на Приштина и Белград

Соренсен во посета на Приштина и Белград

Брисел, 14 јануари 2026 (МИА) – Специјалниот претставник на Европска Унија, Петер Соренсен за дијалогот помеѓу Србија и Косово денеска ќе ја посети Приштина, а утре ќе претстојува во Белград.

Тоа е прва посета на данскиот дипломат на Косово и Србија по преземањето на вториот мандат како претставник на ЕУ за дијалогот за нормализирање на односите помеѓу Србија и Косово.

Соренсен за првиот мандат организираше само две средби со главните преговарачи, на кои не беше постигнат конкретен напредок. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан