• понеделник, 23 декември 2024

Сопственик на работилница во село Голем Папрадник спречил извршување службени дејствија

Сопственик на работилница во село Голем Папрадник спречил извршување службени дејствија
Дебар, 9 март 2022 (МИА) – Жител на село Голем Папрадник, општина Центар Жупа, сопственик на работилница со агресивно однесување спречил претствник на Инспекторат за труд да изврши службени дејствија. -На седми месецов околу 13 часот, во работилница лоцирана во селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, С.И.(39) од истото село, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон службено лице од Државниот инспекторат за труд, спречувајќи го во преземање службени дејствија, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. Според него, против С.И. ќе биде поднесена соодветна пријава. вт/цр

Остани поврзан