• четврток, 16 мај 2024

Сопственикот на Ротерам јунајтед гостин на Воска Спорт

Сопственикот на Ротерам јунајтед гостин на Воска Спорт

Охрид, 28 март 2023 (МИА) - Сопственикот на англискиот тим кој настапува во Чемпионшип, Ротерам јунајтед, Тони Стјуарт, неколку дена беше во посета на сопственикот на ФК Воска Спорт, Нефи Усеини, притоа истражувајќи го градот Охрид и неговите туристички и спортски инфраструктурни капацитети, а останува отворена можноста за евентуална соработка во иднина, соопштија од ФК Воска.

 

- Можам да видам дека во рок од пет години Воска успеала да стане клуб кој луѓето овде во Македонија го гледаат сериозно. Мислам дека се инвестира и имаат посветеност од добар бизнисмен, а ги видов терените каде се одржуват тренинзите и знам дека иднината е добра за Воска. Тоа е добро и за Македонија и јас со нетрпение очекувам да работам со него. Ако се гледаме почесто, тој сега наскоро ќе дојде во Ротерам, сигурно ќе направиме работите да се движат напред. Јас веќе 15 години сум во Ротерам. Почнавме од дното и сега сме во Чемпионшип а работиме напорно за да стигнеме до Премиер лигата и како што знаеме тоа е голема цел. Затоа би рекол дека ќе работиме заедно. Затоа што навистина одлично си поминавме во Македонија. Луѓето беа прекрасни. Морам да го признам тоа, бидејќи тоа беше навистина добро искуство и мислам дека како навивачи ќе работиме заедно. И кој знае во иднина можеби ќе имаме партнерство за развој двата тима. Ми се допадна она што го видов и ќе кажам позитивни работи за ова место. Верувам дека може да соработуваме во бизнис ако се движиме напред. Во мојата земја ќе им кажам на луѓето дека ако сакате да имате одмор и сакате да вредат вашите пари на тој одмор, ова е местото каде што треба да одите, изјави Стјуарт.

Неодамна и познатиот поранешен англиски фудбалер Брајан Дин престојуваше во Охрид на покана на Нефи Усеини. зс/

Остани поврзан