• недела, 25 август 2024

Сопругата го оставила фудбалерот од Премиер лигата откако ја донел дома љубовницата

Сопругата го оставила фудбалерот од Премиер лигата откако ја донел дома љубовницата

Лондон, 25 август 2024 (МИА) - Познат фудбалер од Премиер лигата останал без сопругата откако ја донел дома љубовницата.

Според „Дејли мејл“, се започнало кога една девојка и напишала на сопругата на фудбалерот на Инстаграм: „Спиев со твојот сопруг“. Како потврда, таа испрати фотографија од креветот во куќата на фудбалерот. Вреди да се одбележи дека на ѕидот се гледа фотографија од играчот со неговото семејство.

Сопругот првично и рекол на сопругата дека фотографијата е лажна. Меѓутоа, жената ја проверила снимката од камерата и видела дека фудбалерот всушност ја донел љубовницата дома. Поради тоа, сопругата решила да се раздели од сопругот.

„Дејли Мејл“ не го открива идентитетот на фудбалерот, но го нарекува „добро познат“ и забележува дека на Евро 2024 отишол како дел од репрезентацијата на неговата земја. зс/

Остани поврзан