Сообраќајот на автопатот Е-75 кај клучката Градско пренасочен по една лента
- Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско, сообраќајот на автопатот Е-75 од правец на Граничниот премин Богородица кон Табановце ќе биде пренас
![Сообраќајот на автопатот Е-75 кај клучката Градско пренасочен по една лента](https://mia.mk/images/20221112153441_big_730x400_78.webp )
Скопје, 23 март 2022 (МИА) - Поради изведување работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско, сообраќајот на автопатот Е-75 од правец на Граничниот премин Богородица кон Табановце ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента.
Како што информираат од АМСМ, пренасочувањето на сообраќајот почнува од денеска, 23 март од 14:00 часот и ќе трае во следните три дена. вг/лв/