• четврток, 26 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица од денеска само по левиот тунел

Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица од денеска само по левиот тунел

Скопје, 17 април 2025 (МИА) - Од денеска до 31 мај сообраќајот на автопатот Демир Капија - Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел бидејќи десниот тунел ќе се реконструира. 

- Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025 г., поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан