Сончев беспилотен авион се урна во САД, по 64 дена во лет
- Одржливото воздухопловно гориво (САФ) и водородните горивни ќелии се можни решенија, како и сончевата енергија. Летовите со соларна енергија досега беа сосредоточени главно на патувања низ св

Вашингтон, 25 август 2022 (МИА) - Беспилотно летало „Зефир С“ на „Ербас“ на сончев погон, се урна во американската сојузна држава Аризона, откако мина повеќе од два месеци во воздух.
Како главен загадувач со јаглерод, авиоиндустријата цели да се префрли на „позелени“ извори енергија. Одржливото воздухопловно гориво (САФ) и водородните горивни ќелии се можни решенија, како и сончевата енергија. Летовите со соларна енергија досега беа сосредоточени главно на патувања низ светот, па и „Ербас“ со своите авиони користи обновливи извори на енергија. „Зефир“ не е комерцијален авион наменет за превоз на луѓе, туку тн. ХАПС-станица (High Altitude Platform Station - Платформна станица со поголема височина), којашто може да лета во стратосферата на висина од 21 километар, што е речиси двојно повисоко од конвенционалниот авион.