• четврток, 04 декември 2025

Сончево со умерена облачност

Сончево со умерена облачност

Скопје, 1 септември 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Во среда ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален дожд и грмежи. Изолирана појава на нестабилност ќе има и во четврток.вј/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан