• среда, 03 јули 2024

Сончево со умерена облачност

Сончево со умерена облачност
Скопје, 29 март 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од осум до 18 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и потопло.  Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 17 степени. Во понеделник во поголем дел од земјава ќе биде суво и посончево со повисоки дневни температури. Од понеделник попладне одново следува период на претежно облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег, дури и на некои пониски места.

Остани поврзан