• понеделник, 21 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево и топло со температури до 39 степени

Сончево и топло со температури до 39 степени

Скопје, 3 јули 2025 (МИА) - Времето денеска се очекува да биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Според синоптичарите, минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Од УХМР информираат дека под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан