Сончево и топло до среда, од четврток посвежо
- Сончево и многу топло време со мала локална облачност најавуваат синоптичарите за денес. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21

Скопје, 16 август 2021 (МИА) – Сончево и многу топло време со мала локална облачност најавуваат синоптичарите за денес. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје, слично време со минимална температура до 19 степени и максималната до 38 степени.
Топлото време ќе се задржи до среда попладне кога се очекува дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер. Дневната температура од четврток ќе се намали за неколку степени. свс/бак/