Сончево и ветровито со температура до 37 степени
- Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Скопје, 30 јуни 2025 (МИА) - Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, слично време со минимална температура која ќе достигне до 20-тиот степен и максимална температура до 37 степени.
Во текот на неделата се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност со постепен пораст на дневните температури. бак/
Фото: МИА архива