• четврток, 21 ноември 2024

Сомневања за заболен од мајмунски сипаници во Косово, примероци испратени на испитување во СЗО

Сомневања за заболен од мајмунски сипаници во Косово, примероци испратени на испитување во СЗО

Приштина, 4 јуни 2022 (МИА) – Министерството за здравство на Косово денеска објави дека испратило примероци за испитување во лабораторија на Светската здравствена организација во Холандија од еден случај за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на Министерството, во петокот, на 3 јуни, од Инфективната клиника при Универзитетскиот и клинички центар на Косово (ЌКУК) е добиено известување за случај за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници.

- Пациентот е машко лице, родено 1953 година во Драгаш и е во стабилна здравствена состојба. Примероците се испратени во референтната лабораторија на СЗО во Холандија. Пациентот е изолиран и хоспитализиран на Инфективната клиника во ЌКУК, се вели во соопштението. иа/паг/

Остани поврзан