• петок, 22 ноември 2024

Сомалиските безбедносни сили ги елиминираа милитантите на Ал Шабаб кои нападнаа хотел во Могадишу

Сомалиските безбедносни сили ги елиминираа милитантите на Ал Шабаб кои нападнаа хотел во Могадишу

Могадишу, 15 март 2024 (МИА) - Сомалиските безбедносни сили ги „неутрализираа“ членовите на милитантната група Ал Шабаб кои го нападнаа познатиот хотел „Сил“, веднаш до претседателската палата, јавија британските медиуми.

Припадниците на оваа милитантна исламистичка група и претходно го напаѓа истиот хотел, што често го посетуваат државни функционери, а во овој напад беа повредени четворица пратеници од сомалискиот Парламент, јави Би-Би-Си.

Нападот бил извршен кога бомба го уништила ѕидот на хотелот низ кој минувале напаѓачите, а полицаецот Абдирахим Јусуф изјави дека сите „терористи се убиени“ и дека „ситуацијата се нормализира“, пренесе Ал Арабија Њуз.

Ал Шабаб, гхрупа која е тесно поврзана со Ал Каеда, уште од 2006 година води бунт против сомалиската Влада во обид да воспостави сопствено владеење, врз основа на строго толкување на исламскиот шеријатски закон. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан