Солскјер призна дека Манчестер згрешил со враќањето на Роналдо во тимот
- Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, призна дека враќањето на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо во тимот било грешка.

Манчестер, 13 ноември 2024 (МИА) - Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, призна дека враќањето на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо во тимот било грешка.
- Можеби тоа беше погрешен избор за сите нас. Но, во тоа време почувствувавме дека тоа е вистинската одлука. Првото нешто што Киеран Мекена (асистент на Солскјер во Манчестер јунајтед) го кажа: „Како ќе се браниме?“, го цитира „NRK“ Солскјаер.
Роналдо се врати во Манчестер јунајтед од Јувентус во летото 2021 година и играше до ноември 2022 година.
Во текот на сезона и половина, Португалецот одигра 54 натпревари, постигна 27 гола и направи пет асистенции.
Претходно Роналдо веќе играше за тимот од „олд Трафорд“ од 2003 до 2009 година.
Во јануари 2023 година, Роналдо потпиша договор со Ал-Наср од Саудиска Арабија. зс/
Фото. ЕПА