• вторник, 12 ноември 2024

Солскјер одби да ја води данската репрезентација

Солскјер одби да ја води данската репрезентација

Копенхаген, 11 октомври 2024 (МИА) - Норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјер ја одбил понудата да ја преземе селекторската функција на репрезентацијата на Данска.

Според „Типсбладет“, Данскиот фудбалски сојуз доставил понуда до Солскјер, но била одбиена.

Се истакнува дека Норвежанецот е во преговори за работа во топ клуб, чие име се уште не е откриено.

Солскјер е невработен од ноември 2021 година. Последен клуб на 51-годишниот стручњак беше англиски Манчестер Јунајтед.

Норвежанецот ги предводеше „црвените ѓаволи“ од декември 2018. Пред тоа Оле Гунар Солскјер работеше во Молде и Кардиф.

Самиот Солскјер неодамна призна дека би се вратил во Јунајтед доколку добие понуда. дс

Фото: Архива

Остани поврзан