Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу на фестивал во Италија
- Во рамките на интернационалниот фестивал „Piano Summer Salento“ во Италија, пијанистот Арда Мустафаоглу вечер од 21.30 часот ќе настапи со целовечерен солистички концерт.

Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - Во рамките на интернационалниот фестивал „Piano Summer Salento“ во Италија, пијанистот Арда Мустафаоглу вечер од 21.30 часот ќе настапи со целовечерен солистички концерт.
Пред публиката во градот Нардо, Арда ќе се престави со дела од Шопен, Скријабин, Дебиси и од нашите македонски композитори Николовски, Имери, Глишиќ. хс/дма/
