• недела, 22 декември 2024

Солистички концерт на Давор Неќак и Горјана Стојановска во Битола

Солистички концерт на Давор Неќак и Горјана Стојановска во Битола
Битола, 4 август 2022 (МИА) - Битолското културно лето „БитФест“ продолжува со солистички концерт на Давор Неќак – баритон, во придружба на Горјана Стојановска – пијано. Младите битолски уметници ќе приредат концертна програма исполнета со дела од Чајковски, Верди, Равел, Рахмањинов и други композитори. Давор Неќак во моментов е солист на Ријечката опера во Хрватска, а дел од неговиот профил се улогите на Меркуцио во операта „Ромео и Јулија“, улогата на Беглербег во операта „Никола Шубиќ Зрињски“, улогата на Пандолф во операта „Пепелашка“, улогата на Мајорот во операта „Животинска фарма“, улогата на Фигаро во оперетата „Прилежници“, а меѓу концертните настапи од „БитФест“ го истакнуваат настапот како солист во кантатата Кармина Бурана во продукција на Музичката академија во Загреб, настап со  Загребската филхармонија во изведба на циклусот на Морис Равел…и други. Целовечерниот концерт на Давор Неќак и Горјана Стојановска ќе се одржи во битолскиот Офицерски дом од 20 часот, најавија од Општина Битола, организатор на „БитФест“. мт/ев/

Остани поврзан