Создавањето работни места во САД неочекувано високо во јануари
- Стапката на невработеност падна на 3,4 отсто минатиот месец, достигнувајќи го минимумот за половина век.
Вашингтон, 3 февруари 2023 (МИА) - Новите работни места создадени од американските работодавци се зголемија за 517.000 во јануари. Растот на новите работни места е изненадувачки силен во услови на агресивни потези на Федералните резерви на САД за борба со инфлацијата со зголемување на каматните стапки. Стапката на невработеност падна на 3,4 отсто минатиот месец, достигнувајќи го минимумот за половина век. Најновите податоци покажуваат отпорен пазар на труд со ниска невработеност, релативно малку отпуштања и многу слободни работни места, иако повеќето економисти предвидуваат дека ќче има рецесија.
Јануарскиот раст на работните места, што ја надмина растот во декември со 269.000, може да предизвика сомнеж дали инфлациските притисоци дополнително ќе се намалат во наредните месеци. ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки осум пати од март во обид да ја заузда инфлацијата, која минатата година достигна највисоко ниво во последните 40 години, пред постепено да забави. зш/