• недела, 17 ноември 2024

Советот за конкурентност на ЕУ утврди став за правилата за емисии на гасови од возилата и за заштита на дизајните  

Советот за конкурентност на ЕУ утврди став за правилата за емисии на гасови од возилата и за заштита на дизајните  

Брисел, 25 септември 2023 (МИА) – Совет за конкурентност на ЕУ денеска ги усогласи своите позиции за предлогот на Европската комисија за усвојување на регулативата „Еуро 7“ за воспоставување на стандарди за емисиите на штетни гасови и за издржливост на акумулаторите за моторни возила и мотоцикли, како и за предложената ревизија на законодавниот пакет за дизајн, односно на Директивата за правна заштита на дизајните и Регулативата за дизајни на заедницата. 

Советот се усогласи во однос на предложената регулатива за одобрување на карактеристиките на моторните возила и мотоциклите и на нивните системи, компоненти и посебни технички единици, поврзани со емисиите на штетни гасови и издржливоста на акумулаторите, попозната како „Еуро 7“.  

Новата регулатива, која првпат ги вклучува автомобилите, комбињата и тешките моторни возила во единствен правен акт, има за цел да постави посоодветни правила за емисиите на штетни гасови од страна на возилата и дополнително да го намали ослободувањето на загадувачки материи во воздухот од страна превозните средства. 

Со „Еуро 7“ треба да бидат заменети двете претходни регулативи што ги уредуваа овие прашања, а кои се однесуваа одвоено за автомобили, комбиња и лесни возила („Еуро 6“) и за камиони и тешки возила („Еуро VI“), со тоа што сега се предлага емисиите на штетни гасови и издржливоста на акумулаторите да се уредува си единствена регулатива. 

Шпанскиот министер за индустрија, трговија и туризам Ектор Гомез Ернандез изјави дека Европа е позната ширум светот по производство на автомобили со ниски емисии на штетни гасови и со врвен квалитет.  

Дозволен е увоз/регистрација на возила од Еуро 5 и повеќе: нови возила со 0 км и кои претходно не биле регистрирани за сообраќај во друга земја; други нови моторни возила како што се: автобус

- Сакаме да продолжиме да ја следиме целта за подобрување на квалитетот на воздухот. Нашата позиција е да го продолжиме тој пат со усвојување на реални нивоа на емисии од страна на возилата од следната деценија, помагајќи и на нашата индустрија да го направи дефинитивниот скок кон чисти автомобили во 2035 година, рече Ернандез, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. 

Тој нагласи дека шпанското претседателство со ЕУ водело сметка за различните барања на производителите и на земјите членки и верува дека со овој предлог е постигната широка поддршка и рамнотежа во инвестициските трошоци на производните брендови и дека ќе се придонесе за подобри еколошките придобивки. 

Според него, усвоената позицијата на Советот воспоставува рамнотежа помеѓу строгите барања за емисиите на штетни гасови од страна на возилата и за дополнителните инвестиции за автомобилската индустрија, во момент кога европските производители на автомобили минуваат низ трансформација кон производство на возила со нулта емисија на штетни гасови.  

Општиот пристап на Советот ги задржува постојните граници за емисии на штетни гасови и условите за тестирање за лесните возила, додека кај тешките возила ограничувањата на емисиите се пониски, а условите за тестирање се „малку прилагодени“.  

Регулативата „Еуро 7“, исто така, содржи и посебна одредба за автобусите за градскиот превоз, со цел да се обезбеди усогласување со новопредложената цел за нулта емисија на штетни гасови од овие возила до 2030 година. 

Европската унија планира да има најмалку 30 милиони возила со нулта емисии на штетни гасови на патиштата до 2030 година, наведено е во предлог-документ.

„Еуро 7“ поставува и ограничувања за ослободување на честички од сопирачките и гумите на возилата, дополнително ги утврдува минималните барања за перформанси за издржливост на акумулаторите кај електричните автомобили и воведува построги барања за животниот век на превозните средства.  

Регулативата предвидува и употреба на напредни технологии и алатки за следење на емисиите на штетни гасови и честички. 

Советот за конкурентност, исто така, го усогласи својот став и по измените на Директивата за правна заштита на дизајните и Регулативата за дизајни на заедницата имаат за цел ажурирање на 20 години старото законодавство за дизајн, да ја олеснат заштитата на индустриските дизајни и да го адаптираат правото на ЕУ во оваа област со глобалните предизвици во дигиталниот свет и 3Д-печатењето. 

Шпанскиот министер Ернандез изјави дека добрата заштита на дизајнот е од суштинско значење за конкурентноста на европската индустрија. 

- Новите правила ќе помогнат да се зголеми креативноста на нашите дизајнери и нашите компании на побрз и посигурен начин, прилагоден на предизвиците на дигиталната ера, борејќи се против фалсификатите, нагласи Ернандез. 

Профитот на автомобилската индустрија поради недостиг на чипови годинава може да се скрати за 110 милијарди долари, наведе денеска американската консалтинг фирма „АликсПартнерс“.

Предложените измени на Директива и на Регулатива, кои датираат од 1998, односно 2002 година, треба да ја олеснат процедурата за регистрирање дизајни на ниво на ЕУ и дополнително да ги усогласи процедурите помеѓу европските и националните системи. Директивата, исто така, воведува нови правила за заштита на дизајните, што можат да се репродуцираат со ЗД печатење. 

- Ревизијата има за цел понатамошно усогласување на заштитата на дизајнот и за резервните делови на компонентите, како на пример делови од каросерија на автомобилот. Овој чекор ќе го либерализира пазарот на резервни делови, а со тоа ќе донесе пониски цени за потрошувачите. Оваа „клаузула за измени“ е замислена само за идни дизајни, но сепак ќе ја задржи заштитата на постојните дизајни во период од десет години, се наведува во соопштението на Советот. 

Европската индустрија за дизајн учествува со речиси 16 отсто во БДП на ЕУ и опфаќа 14 проценти од сите работни места во Унијата. На 10 ноември 2020 година, Советот на ЕУ побара Еврокомисијата да даде предлози за модернизација на системите за заштита на дизајнот, по што таа на 28 ноември 2022 година го објави пакет мерки со овие измени. 

Со денеска утврдените ставови на Совет за конкурентност се формализираше преговарачката позиција на Европскиот совет, односно на земјите членки, со што му се дава мандат на неговото претседателство за преговори со Европскиот парламент, што ќе започнат откако претставничкото тело на ЕУ ќе го усогласи и својот став за предложените измени. 

Совет за конкурентност на ЕУ го сочинуваат министрите на земјите членки на Унијата задолжени за трговија, економија, индустрија, истражување и иновации, а со неговото денешно заседание претседаваше шпанскиот државен секретар за Европската Унија, Пасквал Наваро Риос. сп/ссм/

 Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан