Советот за безбедност на ООН одобри нова воена сила за борба со бандите во Хаити
- Од 15-те членки на Советот, 12 гласаа за новата мисија, а Кина, Русија и Пакистан се воздржаа.
Њујорк, 1 октомври 2025 (МИА) - Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа одобри формирање на нови меѓународни воени сили за борба против криминалните банди во Хаити, јави ДПА.
Новите сили ќе бројат 5.500 војници и ќе ја заменат сегашната мисија предводена од Кенија, чиј мандат истекува на 2 октомври.
Од 15-те членки на Советот, 12 гласаа за новата мисија, а Кина, Русија и Пакистан се воздржаа.
Хаити со години не успева да се справи со моќните банди кои моментално контролираат околу 90 проценти од главниот град Порт-о-Пренс. Државата со околу 12 милиони жители е најсиромашна во Западна Хемисфера. ссм/
фото: архива