• понеделник, 23 декември 2024

Советот за безбедност и предложи на Владата да формира работна група за состојбата со системот за управување со кризи

Советот за безбедност и предложи на Владата да формира работна група за состојбата со системот за управување со кризи
Скопје, 13 септември 2021 (МИА) - Советот за безбедност и предложи на Владата, во најкус можен рок да се формира работна група, која ќе ја согледа состојбата со системот за управување со кризи, а имајќи ги предвид неодамнешните состојби со пожарите, работната група треба да предложи конкретни мерки со цел системот за управување со кризи да биде пофункционален и поефикасен, информираат од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски. Денеска во Кабинетот на Претседателот се одржа 13-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, на кој, освен за поставеноста на системот за управување со кризи, се дискутирало беа лицата од Авганистан прифатени на нашата територија. Присутните, се вели во соопштението по седницата на Советот, констатираа дека Република Северна Македонија, како членка на НАТО, покажа подготвеност и ги понуди своите капацитети за прифаќање на лицата од Авганистан. - Надлежните министри и претставниците на институциите информираа за досегашните активности за згрижувањето на прифатените лица од Авганистан, за кои се направени сите неопходни безбедносни проверки и за кои се изработени безбедносните протоколи за нивен престој во државата, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски, по денешната седница на Советот за безбедност. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата присуствуваа и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути и националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Зоран Петров. аа/nd/

Остани поврзан