Советничката група на СДСМ во Куманово ја обвини локалната власт за бојкот на вчерашната седница на советот
- Советничката група на СДСМ од Куманово на денешната прес-конференција обвини дека советничката група на „За наше Куманово“ ја бојкотирале вчерашната седница и ја искористиле за, како што вела
Куманово, 8 јули 2022 (МИА) - Советничката група на СДСМ од Куманово на денешната прес-конференција обвини дека советничката група на „За наше Куманово“ ја бојкотирале вчерашната седница и ја искористиле за, како што велат, притисок и незаконско ограничување на површините за градење, врз советници за предлог одлуката за изменување и дополнување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централно градско подрачје.
- Оваа незаконска предлог одлука беше ставена пред Советот, а имаше за цел и да го злоупотреби советот и да стане негов параван за нечесни игри. Градоначалникот повикувајќи се на оваа предлог одлука се обиде да го злоупотреби органот Совет на Општина Куманово како алиби за незаконско ограничување на површините за градење до кога ќе трае самоволието на Димитриевски и претседателката на Совет Ѓорѓиевска од „За наше Куманово“, со грубо кршење на владеење на правото, наметнувајќи ретроактивно делување кое освен на инвеститорите ќе нанесе огромна штета на граѓаните и директно ќе се коси со законските одредби од законот за урбанистичко планирање, праша заменик координаторот на советничката група, Александар Јовановски.
Тој кажа дека како советници не можат да одземат граѓанско право, уставно загарантирано. Од локалната СДСМ го обвинија градоначалникот и како што кажаа негови експерти дека можат да ограничат стекнати права.
-Јавно прашуваме, дали суетата на Димитриевски е поголема и поважна од волјата на граѓаните односно волјата на мнозинството советници односно волјата на граѓаните? Дали претседателката на Совет ја злоупотреби својата позиција откако беше побарана пауза од пет минути која траеше еден час и дали се искористи за вршење притисок врз советниците кои не дадоа поддршка на таа точка и да гласаат за дали ова е нивно разбирање на демократија?, кажа Јовановски.
Од советничката група на СДСМ велат дека Димитриевски ја злоупотребил говорницата при повлекување на точката за воведување на Б-зона во Куманово и дека поентирал евтино, бидејќи напоменаа од СДСМ, мнозинство советници не ја прифатиле оваа иницијатива. ам/дма/