• понеделник, 23 декември 2024

Собјанин: Руската ПВО спречи напад со украински дрон на Москва

Собјанин: Руската ПВО спречи напад со украински дрон на Москва

Москва, 20 ноември 2023 (МИА) - Руските сили за противвоздушна одбрана соборија украинско беспилотно летало над московскиот регион што леташе кон Москва, изјави градоначалникот на Москва. Сергеј Собјанин. 

Тој на каналот Телеграм напиша дека, според прелиминарните информации, на местото каде што паднале деловите од дронот нема жртви или оштетувања, пренесоа руските медиуми.

Руското Министерство за одбрана потврди дека синоќа, во 23:20 часот по московско време, над московскиот регион бил пресретнат украински дрон.

Од почетокот на рускиот напад врз Украина, на 24 февруари 2022 година, Русија речиси секојдневно соопштува дека Украина лансира беспилотни летала на нејзините погранични области со Украина, Кримскиот Полуостров и Москва. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан