• понеделник, 06 мај 2024

Собрани 86 крвни единици во крводарителска акција во Велес

Собрани 86 крвни единици во крводарителска акција во Велес

Велес, 16 јануари 2023 (МИА) – Во првата крводарителска акција за оваа година во Велес организирана вчера од страна на Општинската организација на Црвниот крст собрани се 86 крвни единици.

Орце Николов, секретар на ООЦК Велес, изјави дека 19 биле беа жени, а 67 мажи. Двајца за првпат дарувале крв.

Во акцијата беа вклучени медицинска екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и волонтери на Општинската организација на Црвениот крст.

Според Николов, годинашната зимка акција е најупешна во изминатите пет години.

Следната акција за дарување крв ќе се реализира на 27 јануари во Чашка, а на 31 јануари во селото Горно Оризари, каде за првпат ќе се организира по пауза од десет години. ад/фф/

Остани поврзан