• четврток, 16 мај 2024

Собрани 51 единица крв во Крива Паланка

Собрани 51 единица крв во Крива Паланка
Крива Паланка, 2 ноември 2021 (МИА) - Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка денеска се одржа крводарителска акција на која беа собрани 51 единица крв. Акцијата е тринаесетта по ред годинава и е дел годишниот план за крводарување на ОО Црвен крст Крива Паланка. - На денешната крводарителска акција што се одржа во просториите на нашата организација собрани се 51 крвна единица. Истата се реализира со запазување на пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19 и сите учесници беа со претходна пријава. Како и сите акции досега, и денешната се реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, Скопје. Благодарност до сите хумани граѓани кои се вклучија во дарување на скапоцената течност, изјави Дарко Пешовски, секретар на Црвен крст на Општинска организација Крива Паланка. Од почетокот на годината, досега на одржаните дванаесет крводарителски акции во општините Крива Паланка и Ранковце собрани се вкупно 541 единица крв.ид/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан