Собранието ќе ја одржи 28-та седница, ќе заседаваат и две комисии
- Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 28-та седница.
Скопје, 27 декември 2024 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 28-та седница на која на дневен ред се Дополнетиот предлог на закон за стручно образование и обука, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, Предлог на законот за престанување на важењето на Законот за основање на Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија, Предлог на законот за Националната рамка на квалификации, Дополнетиот предлог на закон за учебници во основно и средно образование и Дополнетиот предлог на закон за образование на возрасните, сите во второ читање.
Во Собранието денеска ќе заседаваат и две комисии - Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија. На дневен ред на двете комисии има само една точка - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, во второ читање. За предлог-законот се поднесени два амандмани.фф/вг/
Фото: МИА Архива