• недела, 22 декември 2024

Собранието ја усвои ревидираната ПЕМ Конвенција за извоз на пазарите на ЦЕФТА

Собранието ја усвои ревидираната ПЕМ Конвенција за извоз на пазарите на ЦЕФТА
Скопје, 3 ноември 2022 (МИА) - Пратениците на денешната 73-седница дадоа поддршка за ревидираната ПЕМ Конвенција за извоз на пазарите на ЦЕФТА, што беше едно од барањата на бизнис секторот. На оваа седница не беше усвоен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за угостителската дејност. Пратеничката Лидија Петковска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека причината поради која е поднесен Предлог законот за угостителска дејност е што досегашната имплементација на законот ја наложила потребата за уредување на начинот на кој се води регистарот во кој како категорија не се вградени хостелите. Со предложените измени, Петковска  смета дека ќе се уредат условите кои угостителски услуги ќе се даваат и во хостелите кои во моментот се користат. - Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за угостителската дејност содржи осум члена, при што со членовите 1 и 7 се уредува начинот на водење на регистарот од страна на градоначалникот на општината, а во Градот Скопје регистарот што го води градоначалникот на подрачјето на Градот Скопје треба да се уреди со правилник кој го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на угостителството. Со Предлог-законот се уредува дека во комплементарните сместувачки објекти, покрај ноќевалишта, гостилници, кампови, приватни сместувачки капацитети, соби, апартмани, станови, куќи, одмаралишта за деца, младинци, работници и лица со попреченост и слично, спаѓаат и хотелите. Со донесувањето на законските измени кои предлагаме и со кои предвидени предметни изменувања и дополнувања на одредбите од досегашното законско решение, ќе се надминат можностите за злоупотреба на законот од страна на одредени субјекти кои вршат угостителска дејност и за кои не може да се изречат глоби и прекршочни санкции за сторен прекршок наспроти законски предвидените категории на вршители на угостителска дејност за кои е уреден начинот на кој треба да ја вршат угостителската дејност и кои директно се ставени во неповолна положба, рече Петковска Диме Велковски од СДСМ во реплика на пратеничката Петковска рече дека тоа што го имаат поднесено со ова законско решение, не ја решава целата проблематика и дека е потребно конкретно генерално решение. фф/бак/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан