• петок, 05 декември 2025

Соборени три дрона во близина на американска воена база во северен Ирак

Соборени три дрона во близина на американска воена база во северен Ирак

Багдад, 7 ноември 2023 (МИА) - Одбранбениот систем на меѓународна воена база денеска собори три беспилотни летала во близина на аеродромот во Ербил, во северен Ирак, каде се стационирани американските сили и другите меѓународни сили, соопшти ирачката служба за борба против тероризмот. 

Нема жртви или оштетувања на инфраструктурата, изјави претставник на американското Министерство за одбрана. 

Засега не е познато кој е одговорен за нападите, последен во серијата напади врз американските војници во Ирак и Сирија додека се зголемуваат тензиите на Блискиот Исток поради војната на Израел со Хамас, пренесуваат британските медиуми.

Ирачкиот премиер Мохамед ал-Судани вети дека ќе ги гони одговорните за неодамнешните напади врз трите воени бази во Ирак, каде се стационирани меѓународните сили. Трите воени инсталации се базата Аин ал-Асад во западен Ирак, воената база во близина на меѓународниот аеродром во Багдад и базата Харир во Ербил. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан