• понеделник, 23 декември 2024

СНС бара одржување на нови избори за градот Белград

СНС бара одржување на нови избори за градот Белград

Белград, 2 март 2024 (МИА) - Претседателството на владеачката Српска напредна странка (СНС) на денешната седница донесе одлука да се одржат нови избори за Собранието на град Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

-Донесена е одлука да се оди на нови избори во Белград. Втората одлука е на овие избори да се оди со „што е можно поширок фронт“. Ќе видиме кој се ќе биде таму. Сметавме дека одговорна организација треба да ја подигне границата на легитимитетот и кредибилитетот и да покаже дека политиката не е математика, изјави Александар Шапиќ, досегашен градоначлник на Белград и член на претседателството на СНС.

Тој додаде дека утре СНС ќе започне со кампања во Шумице во Белград и дека датумот на изборите за Белград ќе биде одлучен подоцна.

-Белград стои пет месеци и ние сме свесни за ЕКСПО 2027, кој е движечка сила за дигањето на Србија и затоа сметаме дека до избори треба да дојде што е можно поскоро, додаде тој.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска во своето обраќање до јавноста рече дека разговарал со претставниците на СНС кои се добитничка листа на изборите во Белград и дека побарал на седницата да се разгледа можноста за излегување на нови избори во Белград, бидејќи, како што истакна, важно е Србија да ја негува и чува демократијата заради себе, а не поради тоа што ќе каже некој друг.

Досегашните обиди за одржување на конститутивна седница на собранието на град Белград на која требаша победничката СНС и СПС да формираат коалиција со Движењето Несторовиќ и да ја фомираат градската власт, останаа неуспешни. об/сд/

Остани поврзан