Слот: Смешно е да се доведува во прашање посветеноста на Трент кон Ливерпул
- Тренерот на Ливерпул, Арне Слот одговори на критиките кон дефанзивецот на тимот Трент Александер-Арнолд.

Ливерпул, 21 април 2025 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Арне Слот одговори на критиките кон дефанзивецот на тимот Трент Александер-Арнолд.
Многупати досега се пишуваше дека 26-годишниот Англичанец на крајот од сезоната ќе потпише договор со Реал Мадрид. Неговиот договор со Ливерпул истекува на лето.
Трент на 20 април го постигна победничкиот гол на натпреварот против Лестер (1:0) во 33. коло од Премиер лигата.
-Смешно е да се доведува во прашање неговата посветеност на овој клуб. Сите наслови треба да бидат за Трент кој го постигна тој гол и сите неверојатни моменти кои му ги даде на овој клуб низ годините, изјави Слот за британските медиуми.
Александар-Арнолд е производ на фудбалсксата школа на Ливерпул. Сезонава одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и имаше седум асистенции. зс/
Фото: ЕПА