Слот: За Дијаз во последно време има многу шпекулации, не можам да навлегувам во детали
- Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека напаѓачот Луис Дијаз го пропуштил пријателскиот натпревар против Милан (2:4) поради шпекулации за негово заминување од клубот во летниот преоден рок.

Ливерпул, 27 јули 2025 (МИА) - Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека напаѓачот Луис Дијаз го пропуштил пријателскиот натпревар против Милан (2:4) поради шпекулации за негово заминување од клубот во летниот преоден рок.
Според „ESPN“, Баерн Минхен е заинтересиран за 28-годишниот Колумбиец. Тие понудија 70 милиони евра за него плус бонуси.
- Во последно време имаше многу шпекулации за него и не можам да навлегувам во детали. Тој тренира навистина добро со нас, но засега одлучивме да не го внесуваме во игра. Навикнат сум редовно да разговарам со повеќето мои играчи. Како што реков, Дијаз тренира навистина добро и одлучивме дека тој нема да игра во моментов. Не можам понатаму да коментирам за ова, рече Слот на прес-конференција.
Дијаз игра за Ливерпул од 2022 година. На 148 натпревари, тој постигна 41 гол и направи 23 асистенции.
„Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на играчот од средниот ред на 70 милиони евра. Неговиот договор со клубот важи до летото 2027 година. зс/
Фото: ЕПА