• понеделник, 23 декември 2024

Словенија ја продолжува состојбата на епидемија до 17 декември

Словенија ја продолжува состојбата на епидемија до 17 декември
Љубљана, 16 ноември 2020 (МИА) - Словенечката Влада денеска донесе декрет да ја продолжи прогласената состојба на епидемија на Ковид-19 за уште 30 дена, односно до 17 декември, бидејќи бројот на заразени и хоспитализирани од коронавирус и понатаму е над дозволените, пропишани услови за укинување. Одлуката стапува во сила од 18 ноември, се наведува во владиното соопштение. Сите словенечки региони потврдиле дека бројот на новозаразени го надминал бројот кој е потребен за прогласување епидемија. Според важечките прописи во Словенија, доколку во период од 14 дена просечниот дневен биланс на новозаразени изнесува 140 или повеќе на 100.000 жители, 250+ хоспитализирани и 50+ на интензивна нега, се создаваат услови за прогласување епидемија. Официјалните податоци покажуваат дека просечниот дневен број на новозаразени е 922, бројот на болнички приеми 1.264 и бројот на пациенти во интензивна нега изнесува 205. гт/

Остани поврзан