• понеделник, 25 ноември 2024

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добиле смртни закани

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добиле смртни закани
Љубљана, 24 октомври 2021 (МИА) - Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка во која нему и на неговото семејство им се заканувааат со смрт, а слична закана добил и министерот за одбрана Матеј Тонин, објавија вечерва словенечките медиуми. Според словенечката телевизија, премиерот добил смртни закани во пратка која била испратена на негова приватна адреса, што е потврдено и од кабинетот на премиерот. Полицијата го истражува случајот. Медиумите објавија дека Јанша и Тонин во петокот добиле писма на нивните адреси, кои содржеле смртни закани и во нив се наоѓала „муниција од поголем калибар“, а закани биле упатени и до членовите на семејството на Јанша. Се наведува дека ова не е првпат на ваков начин да му се закануваат на словенечкиот премиер. гт/

Остани поврзан