• недела, 22 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Словачки обвинител добил закана дека во домот ќе му биде подметната бомба

Словачки обвинител добил закана дека во домот ќе му биде подметната бомба

Братислава, 7 април 2025 (МИА) – Ноќта на 6 април била упатена закана до словачки обвинител дека ќе му биде поставена бомба во станот, соопшти денеска портпаролката на обвинителството Зузана Дробова.

- Обвинителот Марош Жилинка остро ги осуди овие закани, нагласувајќи дека ова не е само напад на еден обвинител, туку и на обвинителството како тело што го штити законот, рече Дробова, пренесува словачката новинска агенција ТАСР.

Дробова додаде дека обвинителството веќе се соочило со таква закана на 24 март, која му претходела на нападот и заканите кон обвинителите на регионалните обвинителства во Банска Бистрица и Тренчин. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан