• петок, 27 декември 2024

Словачка пливачка колабира по учеството во серијата на 200 метри мешано

Словачка пливачка колабира по учеството во серијата на 200 метри мешано

Париз, 2 август 2024 (МИА) - Словачката Тамара Поточка беше ставена под медицински надзор откако колабираше по натпревар на 200 метри мешано на Олимписките игри во Париз.

Поточка (21) заврши на претпоследното седмо место на третата трка со време од 2:14.20 минути, 4.30 секунди зад победничката Самер Мекинтош од Канада.

Набргу по излегувањето од базенот, Поточка падна, поради што беше потребна интервенција на лекарскиот тим во „Дифенс Арена“.

Пливачката беше ставена на носилка со маска за кислород и однесен во блиската болница на дополнителни тестови.

Според организаторите, Поточка била при свест кога била пренесена со Брза помош. дс

Фото: Словачка пливачка федерација

Остани поврзан