• понеделник, 23 декември 2024

Слободни околу 7.000 работни места

Слободни околу 7.000 работни места
Скопје, 18 февруари 2021 (МИА) - На веб-страницата на Агенцијата за вработување на дневна основа во просек има активни конкурси и меѓу 6.000 до 7.000 слободни работни места, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири. Одговорајќи на новинарско прашање Демири рече дека во зависност од степенот на потребното образование, работодавачите најмногу огласиле  слободни работни места за занимањата: работник за едноставни работи на производствена линија, општ  работник, хигиеничар на производствени работни простории, продавач, програмер, келнер, шанкер, шивач, возач на камион, обезбедувач за заштита на лица и имот, хигиеничар на станбен и деловен  простор, ѕидарски работник, армирачки работник, тесарски работник и други занимања. Директорот Демири појасни дека Агенцијата за вработување е институција која работи според законски прописи, води евиденција на невработените лица и имлементација на Оперативниот план за програми и мерки и во таа насока, како што рече, Агенцијата  е само како посредник на објавување на огласите на работодавачите. мд/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан