• понеделник, 23 декември 2024

Слета првиот авион на „Луфтханза“ од Франкфурт на скопскиот аеродром

Слета првиот авион на „Луфтханза“ од Франкфурт на скопскиот аеродром

Скопје, 23 април 2023 (МИА) - На Меѓународниот aеродром Скопје слета првиот авион на „Луфтханза“ од Франкфурт.

Со настан организиран од ТАВ Македонија на скопскиот аеродром, по повод отворањето на новата авиолинија Франкфурт - Скопје со германската авиокомпанија „Луфтханза“, се означи влезот на авиокомпанијата на македонскиот пазар. 

На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт го пречекаа министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем.

Новата авиолинија - од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ од денеска ќе лета од Скопје до Франкфурт десет пати неделно.

Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот. бд/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан