Следува период на стабилно и суво време
- Под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд, најавуваат од УХМР.
Скопје, 23 јануари 2026 (МИА) - Под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд, најавуваат од УХМР.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен по должината на Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми. сст/дма/
Фото: МИА архива